Skip to content
×
×
Нашата ПриказнаПроизводиБлогКонтакт

My homekitchen

Горди сме што ги користиме здравите рецепти на нашите баби и дедовци и што на тој начин го славиме нивниот животен стил. Силно веруваме дека традиционалната македонска кујна е совршен доказ дека едноставната храна може да биде и вкусна и нутритивна. Токму поради тоа одлучивме да држиме до оригиналните рецепти, стари 60 години, и да не додаваме непотребни состојки во нашите продукти.

Секој производ под брендот My Home Kitchen е рачно изработен со љубов и огромно внимание. Нашиот производствен процес е дизајниран да му овозможи на тимот на My Home Kitchen да ги претвора нашите свежи, локално произведени и внимателно избрани овошја и зеленчуци во традиционална македонска храна со богат вкус и прекрасни бои. Нашето проиводство е релативно мало поради тоа што автентичноста и квалитетот се на врвот на нашата листа на приоритети.

Најдобротосамоза вас

Ни причинува огромно задоволство што имаме можност да им понудиме на нашите клиенти широка палета на слатки и солени традиционални македонски јадења. Нашата колекција се состои од слатко од тиква со ореви и грозје, пекмез од круша и јаболко, слатко од диви капини, џем од органска слива, лутеница, маринирана црвена пиперка, ајвар и многу други неодоливи јадења. Да ги вкусите нашите продукти значи да искусите дел од уникатната убавина на нашата земја.

Најдобротосамоза вас

Тимот на My Home Kitchen е отворен за соработка во и надвор од Македонија. Ако сакате да го проширите Вашиот асортиман на производи и да ја зголемите неговата разновидност, можеби нашите рачно изработени вкуснотии се најдобриот избор за Вас. За какви било информации за потенцијално партнерство, слободно исконтактирајте нè на еден од наведените начини.

Back To Top